ОАЕ испрати 1.039 тони хуманитарна помош во Појасот Газа

Обединети Арапски Емирати (ОАЕ) испрати конвој со хуманитарна помош во Појасот Газа, како дел од иницијативата „Храбар витез 3“.

Помошта се состои од 1.039 тони храна и брашно, кои би биле доволни за потребите на околу 1,3 милиони луѓе.

Како што се наведува во соопштението на ОАЕ, операцијата „Храбар витез 3“ обезбедува континуиран и голем проток на помош преку сите достапни канали. И покрај хуманитарните предизвици, ОАЕ продолжуваат да доставуваат помош во храна во палестинската енклава.

ОАЕ истакна и дека поддржува 31 фурни за да го помогнат стабилно снабдување со леб и основни прехранбени производи во Појасот Газа

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close