Објавен јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси
Објавен е јавниот повик за набавка на 120-те еколошки автобуси од кои 80 ќе бидат наменети за Град Скопје, соопшти вечерва вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски. Останатите 40 автобуси ќе бидат распределени согласно економската оправданост и реалните потреби на секоја од единиците на локалната самоуправа.
Во интервју за Канал 5 телевизија, Николоски рече дека огласот е објавен пред два дена и дека еколошките автобуси се една од трите клучни работи што му се потребни на главниот град за да се намали аерозагадувањето.
Покрај еколошките автобуси, за намалување на аерозагадувањето во Скопје, според Николоски, потребни се и градски воз и транвај.
Одлуката за набавка на еколошките автобуси помина на владина седница во април годинава.