Објавена „Книжевни созвучја и огледала“ – новата книга со критички есеи на Елизабета Шелева
Неодамна од печат излезе „Книжевни созвучја и огледала“, новата книга со критички есеи на Елизабета Шелева, еден од најугледните и најдоследни македонски толкувачи на литературата.
Проф. Шелева во книгата ги споделува своите продлабочени есеистички промислувања за идентитетското и космополитското, егзилот и странствувањето, сродноста и далечината во книжевните изведби на редица бележити книжевни творци од нашата и другите светски литератури.
Издавач е Сивејан од Скопје, а книгата може да се најде во книжарицата Или-или