Објавена листа на најсилните армии за 2025 година, Mакедонија е на 112 место од 145 држави

„Global Firepower“, онлајн сервис кој годишно ги рангира воените сили на земјите во светот, ја објави листата за 2025 година.
Користејќи 60 фактори за да го одреди Индексот на воена моќ за секоја земја – од население, активен воен персонал, опрема, буџет, ресурси, географија, логистика – „Global Firepower“ проценува кои нации имаат најсилни вооружени сили.
Рангирањето се базира на резултатот на PowerIndex (PwrIndx), при што пониската вредност означува поголема воена сила.
Првите шест земји на врвот на листата за 2025 година не се променети од 2024 година.
Тие се:
САД
Русија
Кина
Индија
Јужна Кореја
Обединето Кралство
На 7-мо место, Јапонија беше заменета со Франција (минатата година беше 11-та).
Јапонија е на 8-мо место, по што следат Турција и Италија.
Во 2024 година, Пакистан беше на деветтото место, додека сега е на 12-то место. Пред нив е Бразил.
Германија напредуваше од 19-то на 14-то место, Израел од 17-то на 15-то, додека Иран падна за две позиции, па сега е веднаш под Израел.
Украина исто така се помести надолу, од 18-то на 20-то место.
Романија е на 51-то место, Унгарија на 55-то (двете се рангирани пониско отколку во 2024 година), додека Бугарија не се помести од 62-та позиција.
Под Бугарија – Србија е на 63-то место. Во 2024 година беше на 56-то место.
Хрватска е на 74-та позиција (беше 66-та).
Албанија има голем „скок“ – од 90-то место во 2024 година на 78-мо место во 2025 година.
Словенија е 96-та на листата, Северна Македонија 112, Црна Гора 127, а Босна и Херцеговина 132 од 145 анализирани.






