Објавена моногафија „Античка македонска архитектура и урбанизам“ – за првпат пред македонската и светската јавност се афирмираат изворната античка македонска архитектура и урбанизам
– За првпат, на научно ниво, детално се анализираат и пред стручната и пошироката македонска и светска јавност се презентираат карактеристиките на изворната античка македонска архитектура и урбанизам. „Матица македонска“ ја објави монографијата „Античка македонска архитектура и урбанизам“ од Меланија Шерденковска. Изданието е двојазично, на македонски и на англиски јазик, а со него, за првпат, на ваков начин, се афирмира самостојниот развој и пат на македонското античко градителство, коешто иако користи дел од искуствата и дострелите на хеленската цивилизација и на останатите антички држави со кои дошла во контакт Македонија, има во себе доволно елементи за да може да се воведат и полнозначно да се користат термините „Македонска античка архитектура“ и „Македонски урбанизам“.
Како што истакнува во својата рецензија проф. д-р Марјан Јованов од Филозофскиот факултет при УКИМ, со оваа монографија се остварува обид на светската мапа на културното наследство, како посебно поглавје да се издвојат архитектонското наследство и урбанистичките решенија коишто зад себе ги оставило Античкото Македонско Кралство, почнувајќи од доцните фази на железното време па сѐ до потпаѓањето под римска власт, а особено во периодот кога е на врвот на својата моќ и кога бележи најголема градежна активност. Шерденковска посебно го потенцира периодот од освојувачките походи на Александар Македонски и времето по неговата смрт како време на севкупен процут на македонската култура, наука, уметност како посeбност во светски рамки, дотолку што би требало да се означи со терминот „Македонски период“, информираат до Матица Македонска.
– Посебно треба да се истакне дека проблематиката на архитектурата, како и урбанизмот од античкитот перид во Македонија, досега многу малку се истражувани, во една ваква форма, односно едно комплетно дело, коешто се однесува само на посочената проблематика… …сега се добиени цврсти, сигурни и експлицитни заклучни разгледувања, кои стануваат дел од нашата поширока научна и стручна мисла и придонесуваат за нејзиниот развој… Овој труд преставува исклучително вреден придонес во развојот на научната мисла од областа на историјата на архитектурата, особено што истиот се однесува на античкиот македоснки период, време кое досега скоро воопшто не е истражувано, посебно не во таков обем и низ една детална анализа. …Сметаме дека книгата ќе наиде на позитивен одзив и исклучително голем интерес кај пошироката стручна јавност, која се занимава со архитектура, историја на архитектура и историја на уметност, нагласува меѓу другото проф. д-р Небојша Гаџиќ од Архитектонскиот факултет на Универзитетот во Белград.
Тој и истакнува дека анализите, согледбите и заклучоците од оваа монографија ќе станат незаобиколна литература, и неопходна материја, којашто студентите по археологија, историја на уметност и архитектура ќе мораат да ја совладаат. Со оваа монографија, посебно се поставува потребата низ едно уште посеопфатно истражување да се верификува овој период и севкупната архитектура на античките Македонци, на светско ниво, со сосема заслужениот термин – античка македонска архитектура и урбанизам, односно античка македонска култура, како што е подвлечено во една од рецензиите за монографијата.
Во истражувањето коешто резултира со оваа монографија, главниот метод применет од Меланија Шерденковска е компаративната анализата, којшто со оглед на темата која е обработувана е оценет и како најсоодветен метод. Применет е и историскиот метод, низ еден конкретна анализа на развојот на архитектурата и урбанзимот во античка Македонија, како и историските прилики низ кои таа се развива, како и методот на синтеза низ кој се поставени општите карактеристики на античката македонска архтиектура и урбанизам, но и крајните согледувања. Користен е и методот на директно мерење – утврдување на опипливи, видливи елементи, за да се утврдат и објаснат архитектонските форми, како и величините.
Авторката на монографијата, Меланија Шерденковска е доктор на науки, а вработена е на Архитектонскиот факултет при УКИМ, од 1986 година, најпрво како асистент професор, а од 1997 година е раководителка на Библиотеката на Факултетот. Авторка е неколку повикани и отворени архитектонски конкурси, како и на повеќе проекти за ентериер. Се истакнува како авторка на поголем број трудови објавени во стручни и научни списанија и учесничка на повеќе меѓународни конференции. Во нејзината научна работа посебно место заземаат долгогодишните истражувања и тезите сублимирани во докторската дисертација „Мијачко станбено градителство – потекло, развој и дострели“, коишто во малку изменета форма се објавени во книга со истиот наслов.