Објавена поетската книга „Антарес“ од Матеј Фенер

 Објавена е поетската книга „Антарес“ од младиот македонски поет Матеј Фенер во издание на „Бата прес“. Книгата е поделена на пет циклуси, а во секој циклус има по 16 песни.

– Матеј Фенер е освежување во македонската поетска сфера. Неговата определба се семиотиката и знаците на тајното писмо. Тој се претставува како поет кој се стреми да направи синтеза на традиционалното и метафизичкото. Низ лирската вокација со богат спектар на асоцијации, стиховите сами ќе си ги пронајдат своите рефлексии кај читателите, кои со големо задоволство ќе ги откриваат тајните поетски знаци… знаците на поетот кој егзистира низ вековите, бидејќи и светот е постанат од Зборот…, наведува во рецензијата поетот и книжевен критичар Мирче Нешовски.

Објавувањето на книгата е помогнато од Министерството за култура.

Фенер е роден во Скопје на 29 ноември 1996 година. Основно и средно образование завршува во родниот град, а Филолошки факултет студира во Прага. Некои песни ги публикува во периодичните списанија уште во средното училиште, а во последниве неколку години објавува стихови и во електронските списанија и медиуми.

Back to top button
Close