Објавена студијата „Политичко рекламирање: Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа“

Советот на Европа и Европската Унија во рамки на заедничката програма на „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција 2019-2022“ и регионалниот проект „Слобода на изразување и слобода на медиумите во Југоисточна Европа (ЈУФРЕКС)“ ја изработи и објави студијата – „Политичко рекламирање: Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа“.

Студијата, во чија изработка учествуваше Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) и регулаторните тела корисници на ЈУФРЕКС, се осврнува на политичкото рекламирање за време на изборните кампањи од аспект на медиумските регулатори и дава насоки во согласност со европските стандарди и најдобрите пракси на тоа поле.

Изработката на студијата, како што соопшти АВМУ, беше последователна активност на регионалната онлајн тркалезна маса „Избори, пандемија и дезинформации“, одржана на 3 јули годинава, на која регулаторните тела од регионот споделија искуства. Студијата е достапна на линкот: Политичко рекламирање: Компаративна студија за состојбите во земјите од Југоисточна Европа. м

Back to top button
Close