Објавени листите со примени бруцоши во студентските домови во Скопје, приговори најдоцна до осми октомври

 Резултатите од Конкурсот за прием на студенти запишани на додипломски студии во државните студентски домови и други објекти за сместување во Република Северна Македонија за студиската 2021/2022 година, кои се однесуваат на студентите од прва година на студии, а кои аплицирале за сместување во капацитетите во Скопје се објавени.

Како што информираат од Министерството за образование и наука, студентите кои се наоѓаат на објавените листи можат да се вселат во студентските домови по потпишување на договор со домот во кој се примени. Договорот е потребно да го потпишат најдоцна во рок од 10 дена од објавата на резултатите. Додека, приговори по однос на резултатите се доставуваат до МОН заклучно со 8 октомври 2021 година.

Дополнуваат дека листите со примени студенти во студентските домови во другите градови ќе бидат објавени во понеделник, 4 октомври 2021 година. 

Back to top button
Close