Обамејанг го однесе Арсенал во финалето на ФА Купот

Арсенал го победи Манчестер сити вечерва на „Вембли“ во Лондон со 2:0 во полуфиналето на ФА Купот.

Двата гола за „топчиите“ ги постигна Пјер-Емерик Обамејанг.

Избраниците на Јосеп Гвардиола, имаа поголем посед на топката, многу повеќе удари кон противничкиот гол, безброј шанси, но на крајот останаа со празни раце, бидејќи Арсенал со два против напада, го реши мечот.

Манчестер сити, откако го изгуби трофејот во Премиер лигата, остана и без трофејот во ФА Купот, па утеха ќе бара во Лигата на шампионите.

Во второто полуфинале на најстарото фудбалско натпреварување, утре од 19 часот ќе се сретнат Манчестер јунајтед и Челзи.

Back to top button
Close