Обдукцијата открила дека жената од скопско е убиена, уапсен е нејзиниот поранешен сопруг и тројца негови пријатели

Обдукцијата покажала дека жената кој синоќа била пронајдена мртва во близина на селото Латвица починала од насилна смрт, по што биле уапсени нејзиниот поранешен сопруг и негови тројца пријатели, појаснуваат од скопското обвинителство.
-Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје и екипи на МВР ноќеска вршеа увид на тешко пристапна шумска локација во близина на селото Летевци, каде беше пронајдено безживотно тело на жена од Таор.
Жената била пријавена за исчезната во петокот, по што беа преземени дејствија за нејзино пронаоѓање. Јавниот обвинител издаде наредба за обдукција на телото на починатата, при што потврдено е дека смртта е насилна. Под сомненија за сторено кривично дело лишен од слобода е поранешниот сопруг на жртвата, а задржани се и тројца негови пријатели. Се преземаат дејствија за целосно расчистување на настанот, информираат од скопското обвинителство.
Претходно од МВР информираа дека мажот прво пријавил дека жената е исчезната, а по два дена и дека ја пронашол мртва.






