Обединувачка и сеграѓанска порака на Али Ахмети: Да се обединиме сите заедно за ЕУ, јас секогаш ќе бидам во одбрана на каузата на моите сограѓани Македонци

Претседателот на Демократска унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети на терен во Тетово под мотото „Заедно за ЕУ“ меѓу другото упати обединувачка и сеграѓанска порака до граѓаните, јавува ТВ21

Тој вели дека бил, е и секогаш ќе биде ангажиран во одбрана на каузата на Македонците.

„Јас сум бил, сум и секогаш ќе бидам ангажиран во одбрана на каузата на нашите сограѓани Македонци, нивниот идентитет, јазик и култура….“, вели Ахмети.

Тој додава дека токму затоа сега сакаат да отворат нова сцена, проевропски фронт, што го забрзува нашето членство во Европската Унија.

„Овој фронт е помош што го забрзува нашиот пат кон ЕУ, кој мобилизира кон уставни измени. Овој фронт мора да работи и за нашите македонски сограѓани“, порача Ахмети.

Back to top button
Close