Обедниковски потпиша со ФМП

– Академија ФМП го ангажираше Борјан Обедниковски, додека Никола Анастасовски продолжува и во наредната сезона во клубот каде што има договор на уште 3 години, соопштија од клубот.

Деветнаесет-годишниот Обедниковски кој доаѓа од екипата на Пелистер каде што настапуваше во претходните 3 сезони за првата екипа и за младинските селекции, се обврза на договор со времетраење од 2 години со можност за уште една дополнителна.

– Во новата сезона очекувам добра тимска игра и напорна работа на целата екипа. Се надевам дека ќе играме брза и модерна кошарка. Повеќето соиграчи се млади и затоа мислам дека борбеноста ќе ја краси нашата екипа и секако очекувам добра атмосфера на теренот, но и надвор од него, вели Обедниковски.

Дваесет годишниот Анастасовски кој веќе втора сезона ќе го носи дресот на ФМП, а во сезоната 2018/19 беше член на екипата на АВ Охрид, е задоволен од работата на клубот и шансата која ја добива.

– Токму овој период и залагањата на клубот ми го проширија видикот и дефинитивно во наредната сезона сакам да сум дел од тимот кој знае и умее да те мотивира, насочи и овозможи шанса да напредуваш и темелно да се посветиш на она што го исполнува секој дел од тебе, а во последниот период ни беше скратено, а тоа е кошарката. Очекувам дека со нови сили и личен придонес сите заедно како тим ќе направиме големи успеси и ќе го потврдиме она во кое веруваме т.е. Академија ФМП да биде шанса и пример за сите млади и талентирани играчи, изјави Анастасовски.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close