Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините

Обезбедени се средства за набавка на 150 електрични автобуси за Скопје и општините, изјави денеска денеска премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање по објавувањето на програмските приоритети за 2026 од страна на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност – Еразмус+, на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

За набавка на автобуси ќе се користи кредит со рок на отплата од вкупно 15 години и каматна стапка од 3,25 проценти, преку меѓувладин договор со Унгарија.

Мицкоски посочи дека кредитот ќе биде под исти услови како и претходно, со каматна стапка од 3,25 проценти, три години грејс период и дополнителни 12 години отплата, што ќе значи вкупно 15 години задолжување на државата, во рамките на стратешкото партнерство со унгарската влада

Back to top button
Close