Обезбедени се средства за топлинска енергија до крајот на јануари

Покрај преземањето со закуп на топланите Исток и Запад, ЕСМ дополнително е задолжено и го презеде управувањето на АД Скопје Север за да се обезбедат финансиски средства и природен гас за неа и да нема прекин во испорака на топлинска енергија за околу 500 семејства и 13 институции во тој дел на Скопје.
Ние го преземаме само управувањето, што значи дека договорите, сметките и цените ќе останат исти, нема да има промени ниту во плус ниту во минус. Граѓаните и натаму ќе добиваат топлинска енергија по субвенционирана цена затоа што разликата кај топлинската енергија е значително повисока од разликата кај електричната енергија. Тука Владата со своите механизми обезбедува доволно финансиски средства да се покријат овие загуби и граѓаните и натаму да имаат топлинска енергија по цена која е дадена од РКЕ. Субвенционирањето односно покривањето на разликата од цената која ја има РКЕ до реалната цена на природниот гас Владата ја обезбедува и ја префрлува на наменската сметка на АД ЕСМ, рече Ковачевски.