Обид за намерно потпалување на Средно Водно – пронајден материјал за запалување
Подготвен материјал за потпалување, составен од дрвен отпад, хартиени кеси и гранки, бил пронајден доцна синоќа на патеката кон Средно Водно. Случајот го пријавил граѓанин, по што полициска екипа излегла на терен и извршила увид.
-На 25.07.2025 во 03.26 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 24.07.2025 околу 22.55 часот на патеката кон Средно Водно во Скопје бил забележал дрвен отпад собран на едно место, спремен за потпалување. Излезено е на местото, при што биле пронајдени остатоците од дрвен отпад и хартиени кеси покриени со гранки. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, се наведува во соопштението на МВР