Обид за палење на Света Софија – Уапсен е сторителот кој запали хартии по молитвата
Турската полиција го уапси мажот кој синоќа се обиде да подметне пожар во црквата – џамија Аја Софија во Истанбул. По завршувањето на молитвите, непознат маж облечен во црвена капа и шорцеви се качил зад говорницата и запалил хартии, потпалувајќи го килимот.
Потоа си заминал… како господин, минувајќи низ безбедносниот систем на портата невознемирен, бидејќи немал метални предмети на себе. Жена која се молела го забележала чадот и го известила обезбедувањето на храмот, додека еден од верниците го изгаснал пожарот кревајќи го запалениот тепих.
Сторителот бил идентификуван од безбедносните камери на храмот и уапсен неколку часа подоцна, а било утврдено дека има историја на проблеми со менталното здравје, а бил хоспитализиран и во психијатриска клиника.
Осомничениот сторител Месут Гучлу по испрашувањето е спроведен во притвор. Истрагите открија дека човекот претходно бил лекуван во Болницата за ментални и нервни болести во Бакиркој.
Властите изјавија дека по инцидентот ги зголемиле безбедносните мерки за заштита на историските и религиозните места, како што е Големата џамија „Аја Софија“. Истрагата за инцидентот е во тек од страна на Главниот јавен обвинител во Истанбул.