Обид за убиство на 23-годишно геј-момче во Белград. Го прободеле со нож, неговиот другар нападнат со скршено шише

Тројца луѓе биле нападнати во Белград поради нивната сексуална ориентација, соопшти организацијата за ЛГБТ права „Белград Прајд“.

Како што е соопштено, ноќта меѓу 27 и 28 февруари, во паркот Мањеж, во напад со нож тешко е повреден млад човек.

„Група мажи, членови на „скинхедси“, го избодеа едниот од нападнатите со нож, а другиот го нападнаа со скршено шише“, објави „Белград Прајд“ на 28 февруари. Се додава дека и двајцата се хоспитализирани.

Организација за човекови права апелираше до надлежните органи да ги гонат сторителите.

„Сведоци сме на зголемување на нападите врз ЛГБТК заедницата и на злосторствата од омраза. Државата мора да работи на спречување и осуда на говорот на омраза во јавноста, кој често резултира со ваков вид на злосторства“, се вели во соопштението.

Сппред извор за Телеграф „нападнат е У.Г, потоа Ѓ.Ѓ.(26) и И.П. Тие наишле на групата „скинхедс“ кои ги нападнале оти У.Г бил припадник на ЛГТБ “, изјавил за Телеграф извор од истрагата.

Инцидентот се случил половина час по полноќ.

У.Г и Ѓ. Ѓ. биле пренесени во Ургентниот центар. 23-годишниот кој се декларира како припадник на геј заедницата има тешки физички повреди, а 26-годишникот Ѓ.Ѓ е со полесни повреди и е упатен на Максилофацијална клиника, тие него го нападнале со скршено шише.

Полицијата интензивно работи на откривање и пронаоѓање на напаѓачите.

Back to top button
Close