Обид за убиство во Ѓорче Петров: Жена се обидела со перница да ја задуши бабата на сопругот

Скопското Обвинителство донесе наредба за спроведување истражна постапка против 28-годишна жена осомничена за обид за убиство. Пред два дена, во домот на улицата „Борис Бојаџиски“ во скопската населба Ѓорче Петров, таа се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле во семејна заедница.

Според информациите од Обвинителството, додека бабата, родена 1938 година, одмарала во една од собите, осомничената ја заклучила вратата, седнала врз неа и со перница врз главата се обидела да ја задуши. Таа исто така ја удирала со тупаници по главата. Престанала кога мислела дека ја убила и за тоа му кажала на сопругот, кој веднаш повикал полиција.

Бабата била пренесена во болница, каде и биле констатирани нагмечување на главата и вилицата, како и хематоми.

До судот доставен е предлог за определување мерка притвор.

Back to top button
Close