Обиена канцеларијата на директорот на ЈКП Сарај, украдени се пари од прометот на претпријатието
Вчера во Полициското одделение Сарај, И.Х.(41) – директор на ЈКП Сарај, пријавил дека во периодот од 16:30 часот на 31.07.2026 до 06:40 часот вчера, во неговата канцеларија која е сместена во објектот на општината, со употреба на сила била отворена влезната врата од канцеларијата и фиока од негово работно биро.

Како што се наведува во полицискиот билтен, притоа украдени биле пари од прометот на ЈКП Сарај.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот





