Обилниот дожд ги поплави речиси сите улици низ Тетово

Обилните врнежи од дожд околу пладне денеска во Тетово кои траеја околу еден час беа толку силни што се поплавија огромен број улици низ градот. Поплавени беа улици и булевари во сите делови од градот без разлика на местоположбата.

На неколкумина жители на Тетово им беа поплaвени и возилата оставени на улиците, како кај касарната, подвозникот за Фалише и на други места.

Силното невреме синоќа во Лозово предизвика огромни штети

„Водата ни влезе и во дворовите на куќите како и во подрумите. Откако престана дождот почнавме со вадење на водата од подрумите со кофи и други помагала“, велат граѓаните од улицата „Благоја Тоска“ и „Љубо Божиновски-Пиш“.

Во дел од дворовите поради надојдената вода на граѓаните им беа поплавени и оштетени разни апарати и предмети кои биле оставени на тие места

Back to top button
Close