Обилниот дожд создаде одрони на неколку места на патниот правец М.Каменица – Делчево

-Наши екипи се веќе на местото каде се наоѓаат одроните и работат на нивно отстранување. Одроните овде како што веќе знаете се честа појава после врнежи од дожд, особено во делот на патниот правец од Кочани кон Македонска Каменица и од Македонска Каменица кон Делчево каде и најчесто може да се забележат, велат од „Македонија пат“.

Додаваат, дека екипи на претпријатието вршат редовна обиколка и на оние места, каде ќе бидат забележани нови одрони ќе биде поставена соодветна патна сигнализација со знаци за известување.

Исто така апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот. Поради врнежите од дожд сообраќајот на оваа делница се одвива по влажни коловози.

Back to top button
Close