Облачно и дождливо во целата земја, обилни врнежи се очекуваат во јужните делови
Денеска времето на целата територија на земјава ќе биде облачно со врнежи од дожд, кои пообилни ќе бидат во јужните делови, каде според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), локално се очекува да наврнат и над 40 литри на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Временска прогноза за 5 декември 2025 г. / Извор: УХМР
Утринската температура ќе се движи од три до 10 Целзиусови степени, а максималната дневна ќе достигне од пет до 12 степени.
Во Скопје, исто така, ќе биде облачно со врнежи од дожд и ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Дневната температура во главниот ќе достигне до 11 Целзиусови степени.
Според Управата за хидрометеоролошки работи, врнежите од дожд ќе продолжат и утре, особено во јужните делови од земјата. Врнежите се очекува да престанат во попладневните часови в сабота. Од недела ќе настапи стабилизирање на времето, со пониски утрински температури, додека дневните ќе бидат во пораст.






