Облачно и посвежо со повремен дожд

Времето во земјава ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и пообилни, особено во западните и јужните делови. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, повеќе изразен вдолж Повардарието.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 17, а максималната ќе достигне од 16 до 22 степена.

Во Скопје, променливо облачно и посвежо, попладне и кон крајот на денот со повремен дожд. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 22 степена.

До петок претпладне ќе се задржи претежно облачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. На места врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 15 л/м2 за 12 часа). Дневната температура значително ќе се намали. Од петок попладне ќе настапи стабилизација со постудени утра и пораст на дневната температура.

Back to top button
Close