Облачно и стабилно – Температурата ќе достигне до 15 степени

Претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 6, а максималната ќе достигне од 10 до 15 степени.

Во Скопје, претпладне со појава на магла и ниска облачност. Преку денот умерено облачно со слаб ветер од променлив правец.

Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне 12 степени.

До недела ќе се задржи стабилно време, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла и ниска облачност. Во текот на ноќните часови на места ќе има разведрување и утринските температури ќе се спуштаат под нулата. Во понеделник се очекуваат врнежи од дожд.

Back to top button
Close