Облачно и студено со повремени врнежи од дожд

 

Времето облачно, во текот на денот со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет и поинтензивни во планинските региони. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 12, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне 12 степени.

Под влијание на поголема влажна воздушна маса, ќе продолжи да биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од дожд. Врнежите повремено ќе бидат пообилни и понекаде ќе надминат 20 л/м2 за 24 часа, а на места ќе се со пороен карактер и проследени со засилен ветер. Во понеделник ќе има и услови за појава на краткотрајна нестабилност проследена со засилување на ветерот и ретки грмежи.

Back to top button
Close