Облачно и студено со сончеви периоди

Времето денеска ќе биде променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, поизразен долж Повардарието. Минималната температура ќе биде во интервал од -5 до 3, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.

Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 7 степени.

Како што соопшти УХМР, следува период на променливо облачно и студено време со услови за слаб локален дожд, а на повисоките места и на планините со слаб снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Back to top button
Close