Облачно и студено со врнежи од дожд, на планините снег

– Времето денеска ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд, кои на планините и на некои повисоки места во северните делови ќе бидат од снег. Најобилни врнежи се очекуваат во западните делови, а локално ќе наврнат над 20 л/м2. Ќе дува засилен северен ветер, особено вдолж Повардарието, а дневната температура значително ќе се намали. Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 8, а максималната од 5 до 13 степени

Во Скопје времето ќе биде облачно и студено со врнежи од дожд и со засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде околу 5, а максималната само до 6 степени.

Во понеделник ќе има преодна стабилизација на времето со пораст на дневната температура, а нов влажен бран се очекува во вторник кон крајот на денот и во среда, кога повторно ќе дува засилен северен ветер. Утринските температури кон крајот на неделата на повеќе места ќе бидат негативни, информираат од УХМР.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close