Облачно и свежо со повремен локален дожд и југоисточен ветер

Времето денеска ќе биде облачно и свежо, со повремени локални врнежи од дожд и слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Максималната температура ќе биде во интервал од 13 до 19 степени.

Во Скопје и околината ќе биде облачно и свежо со повремени врнежи од дожд. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Во наредените денови до петок ќе се задржи променливо облачно време, наместа со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Вo четврток и петок локално ќе има услови врнежите да бидат поројни и проследени со ретки грмежи.

Back to top button
Close