Облачно и ветровито, викендот заладување

Времето денеска ќе биде променливо облачно и ветровито. Особено во западните делови ќе се задржи облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува засилен, повремено силен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 7, а максималната ќе достигне од 9 до 14 степени.

Во Скопје, ќе биде променливо облачно, во утринските часови со повремени врнежи од дожд, а попладне со сончеви периоди. Ќе дува засилен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне 13 степени.

Под влијание на циклонска активност и серија влажни воздушни бранови следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат обилни и до петок се очекува да наврнат над 50 л/м2. Во четврток, локално врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи. До четврток ќе дува засилен, а повремено силен ветер (над 70 км/час) од јужен правец што ќе услови топло време за овој период од годината.

Во петок и за време на викендот се очекува значително заладување и врнежите од дожд постепено ќе преминуваат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира позначителна снежна покривка, а помала се очекува и во некои пониски места.

 

 

Back to top button
Close