Oблачно, на повеќе места со дожд и грмежи, температурата до 31 степен

 Времето ќе биде променливо облачно, на повеќе места нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со засилен ветер и појава на град, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 17 степени, а дневната од 19 до 31 степен.

Во Скопје и околината променливо облачно со дожд и грмежи и утринска температура до 14 степени, а дневна до 27 степени.

Back to top button
Close