Облачно со повремени врнежи од дожд

– Времето денеска ќе биде променливо облачно и свежо со повремени врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни претпладне во југозападните и јужните делови од земјава. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Во вечерните часови врнежите ќе престанат насекаде.

Максималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16 степени.

Во Скопје, претежно облачно, околу пладне со повремен слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен северен правец. Максималната температура ќе достигне до 16 степени.

Oд недела следува период на стабилно време со пораст на дневната температура, освен во вторник кога ќе има услови за локални врнежи од дожд. Значително затоплување се очекува од средината на следната седмица.

Back to top button
Close