Облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

 

Времето денеска ќе биде променливо облачно, свежо и нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално во попладневните часови ќе има појава на невреме со пообилен дожд, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град.

Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 23 до 30 степена. УВ=5

Во Скопје, променливо облачно, a во попладневните часови во делови од регионот ќе има повремен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Синоптичарите најавуваат и краткотрајно невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и електрични празнења. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 29 степени.

И во следните денови подрачјето на нашата земја ќе биде под влијание на влажен и нестабилен воздушен бран, што ќе услови променливо облачно и нестабилно време, со пороен дожд и грмежи. Локално, претежно во попладневните часови, ќе има поинтензивни процеси во форма на невреме со пообилен дожд за кратко време, силни електрични празнења, силен ветер и појава на град. Температурите ќе останат значително пониски во однос на изминатиот период.

Back to top button
Close