Обновен главниот конак во „Свети Пантелејмон“, задржана е автентичноста

Завршија реставраторските и конзерваторски работи на главниот конак во манастирскиот комплекс Свети Пантелејмон, во Горно Нерези.

Обновена е столаријата и внатрешното уредување на конаакот – подот, тоалетите, заменети се прозорите, поставен е и нов систем за противпожарна заштита и електрична инсталација.

Сето ова чини шест милиони денари, пари од Министерството за локална самоуправа – Биро за регионален развој.

За оваа реконструкција, согласност даде и ресорното Министерство за култура.

Информацијата ја споделија од Општина Карпош.

-Уште поважно е што истиот има автентичен и уникатен изглед, во духот на манастирската целина, имајќи го предвид фактот дека црквата Свети Пантелејмон е дел од нашето културно наследство која датира уште од дванаесетиот век, велат од Општина Карпош.

Свети Пантелејмон е дел од националната туристичка мапа и со овој проект се придонесува кон негово заживување, со што станува уште поатрактивен за домашните и странски туристи.

Back to top button
Close