Обраќање на кралицата Елизабета на Денот на Комонвелтот

Британската кралица Елизабета денеска го прослави Денот на Комонвелтот, само неколку часа пред американското интервју на нејзиниот внук, принцот Хари, и неговата сопруга Меган, што може да ги продлабочи поделбите во кралското семејство, пренесуваат британските медиуми

-Сите продолжувме да ја цениме поддршката, ширината на искуствата и знаењето што ги носи заедничката соработка и се надевам дека ќе го задржиме ова обновено чувство на блискост и заедништво, рече кралицата во говорот по повод обединувањето на единството на Комонвелтот.

Речиси 50 години кралското семејство во март присуствуваше на богослужбата по повод Денот на Комонвелтот во лондонската опатија Вестминстер, посветена на земјите главно од поранешната британска империја кои одржуваат врски со Велика Британија, што  годинава беше откажана поради пандемијата со Ковид-19.

Принцот Чарлс, придружуван од другите членови на кралското семејство, вклучувајќи го и неговиот најстар син и наследник, принцот Вилијам, исто така, им оддадоа почит на храброста што ја покажаа луѓето ширум Комонвелтот како одговор на пандемијата.

Обраќањето на кралското семејство беше емитувано само неколку часа пред телевизијата Си-Би-Ес  да го прикаже долгоочекуваното интервју на војводата и војвотката од Сасекс. Хари и Меган, за првпат откако се преселија во САД, во шоуто на Опра Винфри ќе се обидат да објаснат зошто ја напуштија Велика Британија и почнаа нов живот во Калифорнија.

Back to top button
Close