Обраќање на премиерот Ковачевски на Дипломатската академија Виена
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска одржува предавање на Дипломатската академија Виена.
Тема на конференцијата на која говори премиерот Ковачевски е „Почеток на пристапни преговори со Северна Македонија: Нова динамика во проширувањето на ЕУ“.
Дипломатската академија Виена е основана 1754 година и претставува најстарата академија која нуди едукација и за студенти и за професионалци во областите на меѓународни односи, политички науки, право, историја и економија, каде идните лидери, покрај теоријата која ја изучуваат своето знаење го надополнуваат и преку првокласн истражувања и светски познати програми. дма/са/