ОБСЕ е пред вратите на голема криза поради опструкциите од Москва и Минск

Шефот на естонската дипломатија Маргус Цахкна денеска на состанокот на шефовите на дипломатии на земјите членки на ЕУ на кој ќе присуствуваат и земјите од Западниот Балкан ќе предупреди дека Организацијата за безбедност и стабилност во Европа во однос на естонскиот претседавачки мандат со оваа меѓународна организација.

Министерот за надворешни работи Маргус Цахкна рече дека Естонија нема да ја повлече својата кандидатура за претседавање со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) во 2024 година, и покрај противењето на Русија и Белорусија.

Естонија е кандидат да го превеземе претседавањето со ОБСЕ од Македонија и да раководи со оваа организација во 2024.

„Денес сме во ситуација кога организацијата нема претседавач за следната година, буџетот не е одобрен веќе втора година, а мандатите на генералниот секретар и на шефовите на независните институции на ОБСЕ наскоро ќе истечат“ рече Цахна.

И ако ОБСЕ досега имаше некаков кризен менаџмент од независните институции на ОБСЕ и неговиот генерален секретар, сега нивните мандати истекуваат и би требало да бидат регулирани под мандат на легално претседателство кое пак мора да ја добие поддршката од сите земји членки.

Пред одржувањето на завршната министерска конференција на ОБСЕ закажана за 30 ноември во Скопје, шефот на естонската дипломатија повика да се побара креативно решение.

„Во такви околности, ние мора да покажеме дека можеме да бидеме креативни и да најдеме решенија кои нема да ѝ наштетат на иднината на ОБСЕ или на неговите основни принципи и ќе овозможат ОБСЕ да продолжи со својата важна работа“, додаде тој.

Естонија е единствениот кандидат за претседавач во 2024 година и нема да ја повлече својата кандидатура, нагласи шефот на дипломатијата.

Во мај беше објавено дека Русија и Белорусија се против претседавањето на Естонија.

Цахна тогаш рече дека Русија не е заинтересирана да и се спротивстави само на Естонија, туку повеќе да ги блокира активностите на сите меѓународни организации засновани на демократски принципи кои ги земаат предвид интересите на сите земји-членки.

Едно од прашањата кое се отвора пред министерскиот состанок во Скопје е и тоа дали на него ќе присуствува шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров. Минатата година кога Полска и ја предаде претседавачката палка на Македонија на состанокот во Варшава полските власти не сакаат да му упатат покана на Лавров да учествува на оваа министерска средба со став дека Русија ги крши принципите на оваа меѓународна организација со агресијата на Украина. Властите во Скопје засега не даваат одговор дали Лавров е поканет да дојде во Скопје. Русија е земја членка на оваа организација која е единствена која во оваа нова геополитичка реалност ги обединува Истокот и Западот. Доколку Скопје се реши да упати покана до Москва останува отворена опцијата доаѓањето на Лавров да биде спречено со прелет на неговиот авион преку Романија и Бугарија.

Конференцијата за безбедност и соработка во Европа (КЕБС) беше создадена за да послужи како мултилатерален форум за дијалог и преговори меѓу Истокот и Западот, кој беше одобрен со Завршниот акт на Хелсинки во 1975 година. Нејзини членки беа тогашните европски демократии Соединетите Американски Држави и Канада, како и земји од тогашниот советски блок и, на крајот, Советскиот Сојуз. Во голема мера се занимава со безбедносни прашања. По Самитот во Будимпешта во 1994 година, тој беше преименуван во ОБСЕ.

Денес, ОБСЕ вклучува 57 земји-членки од Европа, Северна Америка и Азија. Естонија се приклучи на ОБСЕ во септември 1991 година. Претседавачот со ОБСЕ една година го држи една од земјите учеснички. Функцијата претседавач (ЦИО) ја врши министерот за надворешни работи на таа држава. За да стане претседавач, потребна е согласност од сите земји-учеснички на ОБСЕ.

Борјан Јовановски

Back to top button
Close