ОБСЕ: За борба против илегалната трговија со дрога потребни се координација и соработка

ОБСЕ испраќа само 30 набљудувачи на изборите во САД - МИА

– Борбата против трговијата со дрога и нејзините врски со другите облици на организиран криминал бара координиран и коoперативен пристап, изјавија денеска учесниците на отворањето на овогодишната Конференција посветена на шверцот на наркотици во Европа, соопшти Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ).

– Трговијата со недозволени дроги е сериозна закана за нашата заедничка безбедност, изјави амбасадорот Хакан Јеврел, специјален претставник на Шведска за организиран криминал, кој зборуваше во име на шведскиот претседавач на ОБСЕ во 2021 година.

Тој додаде дека илегалната трговија со дрога е поврзана и со корупција и финансиски криминал, како и со криумчарење и експлоатација

– Се проценува дека приходите од илегалната трговија со дрога само во Европа изнедуваат 30 милијарди евра, наведе генералната секретарка на ОБСЕ, Хелга Марија Шмид, додавајќи дека ниту една земја, без оглед на големината, не може да се бори сама со прекугранична трговија и затоа се потребни кооперативни и координирани пристапи.

На Конференцијата, организирана од шведското претседателство со ОБСЕ до 2021 година и Единицата за стратешки полициски прашања при Одделението за транснационални закани на ОБСЕ, присуствуваат речиси 200 експерти од земјите-учеснички на ОБСЕ, партнери за соработка, како и меѓународни организации и граѓанско општество.

Конференцијата е посветена на нелегалните финансиски текови поврзани со разни илегални пазари и нивното негативно влијание врз економскиот развој, конкуренцијата и социјалната еднаквост.

Back to top button
Close