Обуки за лица од ранливи категории граѓани

Во рамки на проектот „Од занаетчиите за вас“ во август ќе се одржат обуки за квилинг, фимо, плетење, цртање со водени бои и цртање дот арт, наменети за лицата од ранливи категотии, кои се организирани преку Креативна Македонија-Еснаф.

-Преку овој проект, на интерактивен начин ќе се обидеме да ja доближиме креативната дејност и да ги претставиме основите на неколку традиционални македонски занаети, кој е наменет за лицата од ранливите категории. Во светот на занаетчиите, преку овој проект, лицата од ранливите категории ќе можат да научат занает и да почнат самостојно да работат и станат самоодржливи. Овој проект настана како резултат на досегашните базари и работилници кои беа организирани од страна на Институт Креативна Македонија. Самохрани мајки, лица со Даунов синдром, жени под третман од малигни болести, лица со посебни потреби – лицата од сите овие категории, беа поддржани да учествуваат во базарите на рачни изработки, велат организаторите на обуките.

На овие обуки, учесниците ќе го пронајдат својот стил и ќе научат правилно да се насочат во дизајнот и брендирањето на сопствениот занает. Подоцна, сите изработени производи од страна на учесниците ќе се изложат за продажба во социјалното претпријатие Еснаф, основано од Институт Креативна Македонија.

Еснаф е социјално претпријатие кое ги зајакнува ранливите категории, дава придонес кон еднакво општество, креира можности за вработување на ранливите категории, зајакнува вештини и капацитети на ракотворци и занаетчии и сите кои сакаат своето хоби да го пренасочат во професионално занимање.

-Преку продажбата на производите во продавницата за рачни изработки „Еснаф“, лицата од ранливите категории дирекно ќе можат да остварат приход и да станат самоодржливи. Токму затоа и проектот е наречен „Од занаетчиите, за Вас!“, и има за цел да ги руши бариерите помеѓу занаетчиите од раанливите категории и останатите. Можноста да работат и заработуваат од дома за нив значи огромна поддршка, потенцираат од Институт Креативна Македонија.

Работилниците ќе бидат спроведени од професионални и искусни занаетчии, преку онлајн платформите е категории на граѓани, можете да се пријавите на следниот линк:

Крајниот рок за пријавување е 26 јули 2020 година.

Back to top button
Close