Обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал на интернет
Обвинителството поднесе обвинение против неготинец за ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, информираа денеска од Јавното обвинителство.

По спроведена претходна постапка и обезбедени докази, Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинителен предлог против едно лице за кривично дело – Ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став 1 од Кривичниот законик, соопштија од Обвинителството.
Појаснија дека обвинетиот 67-годишен жител на Неготино, на 20 октомври на профил и страница на социјална мрежа, споделувал видео снимка со која поттикнал омраза и дискриминација против лица врз основа на нивната етничка припадност.
– Во снимката користел повеќе навредливи зборови кон припадниците на ромската националност и повикувал да им се забрани да гласаат на избори, сподели Обвинителството





