Обвинение за Мухсин Арифи дека од немоќна пациентка зел мито од 20 илјади евра за да ја смести на Геријатрија

Обвинение за примање мито против директорот на Клиниката за геријатрија Мухсин Арифи и за негувателот во истата јавноздравствена установа денеска поднесе Јавното обвинителство за гонење организиран криминал до Кривичниот суд.

Арифи е обвинет дека како директор на ЈЗУ „13-ти Ноември“ – Скопје, сторил кривично дело – примање поткуп, а негувателот се товари дека сторил кривично дело – примање награда за противзаконито влијание.

Првообвинетиот за болнички прием на лице во тешка здравствена состојба, од сведок – давател на доживотна издршка на лицето, директно побарал поголема имотна корист за себе за да изврши службено дејствие што би морало да го изврши. Второобвинетиот директно ја примил таквата корист за првообвинетиот за да со искористување на своето реално влијание интервенира да се изврши службеното дејствие што морало да се изврши од првообвинетиот. При примање на дел од договорената сума во износ од 20.000 евра, второобвинетиот бил фатен на лице место од страна на полицијата, велат од ОЈО ГОКК.

Со Обвинителниот акт е доставен и Посебен предлог со кој обвинителството ценејќи дека не се променети околностите и нема услови за определување на поблага мерка за обезбедување присуство на обвинетите, предлага да се продолжи определената и продолжувана мерка притвор спрема двајцата обвинети

Back to top button
Close