Обвинение за насилство и продолжување на куќниот притвор за 67 год.Скопјанец кој ја нападна екипата на тв 24

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против 67-годишникот кој неодамна ја нападна екипата на Телевизија 24 за време на снимање на инсерти за видео-прилог за потребите на телевизијата. Тој е обвинет за кривично дело – насилство.

Лицето, како што наведува Обвинителството, најпрво вербално, а потоа и физички го нападнало снимателот, удирајќи го со десниот лакт кон левата долна вилица и нанесувајќи му набиеница. Кај новинарот и возачот на телевизиската екипа, пак, напаѓачот предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Со обвинителниот предлог, јавниот обвинител до Основниот кривичен суд Скопје достави и посебен предлог за продолжување на мерката куќен притвор за обвинетиот, бидејќи се уште постојат основите поради кои таа првично му беше определена“,се додава во соопштението од ОЈО Скопје.

 

ОЈО на 15 ноевмри предложи куќен притвор за 67-годишникот кој ја нападна екипата на тв 24.

Back to top button
Close