Обвинение за шестчлена група за фалсификување евра

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинителен акт против шест лица осомничени дека како дел од злосторничка група сториле кривични дела против јавните финансии, платниот промет и стопанството.

На петмина им се става на товар кривичното дело фалсификување пари, додека првообвинетиот и уште едно лице се обвинети и за кривично дело правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување.

Според Обвинителството, од крајот на 2023 до февруари 2025 година, првообвинетиот на македонска и српска територија создал група на која припадници станале другите обвинети-македонски државјани и шест српски државјани за кои постапката се води во Република Србија.

„Првообвинетиот неовластено набавил и држел опрема и материјали за правење на лажни банкноти-евра во апоени од 20, 50, 100 и 200 евра, кои припадниците на групата ги дистрибуирале до заинтересираните купувачи во Република Србија по цена од 25-30 отсто од номиналната вредност на вистинските банкноти.

Шестообвинетиот неовластено изработувал машини и делови за правење лажни пари и истите ги одржувал. Од јуни 2024 година до јануари 2025 година, 114.150 лажни евра, групата ги продала за 42.400 евра“, стои во соопштението на Обвинителството.

Со обвинителниот акт, Обвинителството бара и продолжување на мерката притвор

Back to top button
Close