Обвинение за силување – ја присили на односи, и се закани со нож, па и нанесе повреда на левата нога и слабината

По преземените дејствија и обезбедените докази, надлежен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против едно лице кое се товари дека извршило кривично дело – Полов напад и силувањe од член 186 став 7 во врска со став 3 и став 1, а потоа и – Уцена согласно член 259 став 1 од Кривичниот законик.

На 3 декември обвинетиот, спротивно на јасно изразена волја и со примена на сила и закана дека непосредно ќе нападне врз нејзиниот живот и тело, извршил друго полово дејствие врз една оштетена. Ја принудил да влезе во изнајмен апартман, каде сакал да ја присили на сексуални односи. И се заканил со нож дека ќе ја заколе, па и нанел и повреди со ножот на левата нога и слабината. Се јавувал кај неговата сопруга и кај други лица на кои им кажувал дека ќе ја заколе оштетената, држејќи го ножот под нејзиното грло, а потоа и наредил и ја принудил жртвата на други полови дејствија.

Целиот настан го снимил со мобилниот телефон. Два дена подоцна, со намера за себе да прибави противправна имотна корист, телефонски и се заканил на жената дека видео клипот на кој таа го задоволува ќе го објави на социјалните мрежи и на нејзини пријатели доколку не му даде 2.500 евра. Жртвата пријавила и следниот ден било организирано примопредавање на обележани банкноти. Веднаш откако му ги предала парите, обвинетиот бил уапсен.

Бидејќи се уште постои опасноста од бегство и можноста обвинетиот да го повтори делото, јавниот обвинител достави и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор.

Извор: fokus.mk

Back to top button
Close