Обвинение за телохранителот на Мицкоски „продавач“ на службени документи
Неполни три месеци откако беше уапсен, Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, го обвини Ангел С., кој беше дел од личното обезбедување на премиерот Христијан Мицкоски за оддавање службена тајна.
Информацијата за БИРН ја потврдија од ова обвинителство, иако за тоа не беше објавено соопштение на веб-страницата на оваа институција, со оглед на тоа што станува збор за предмет од висок јавен интерес.
Обвинението е поднесено на 12 јуни.
Постапката ја водела обвинителката Ивана Трајчева, од Специјализираното одделение за гонење кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција.
Оттаму велат дека „по спроведена темелна истражна постапка до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт со предлог за продолжување на мерката притвор“.
Од Обвинителството не одговорија на прашањето дали истрагата е проширена и на други инволвирани во случајот.
Според соопштението за отворената истрага обвинетиот на 30 март годинава на паркингот пред хотел во Велес се сретнал со човек, кој сега е сведок во постапката и му покажал службени документи од МВР, што претставуваат службена тајна.
…