Обвинетата Мери Пешевска призна вина, но прстот на вина го впери во Васев
Обвинетата Мери Пешевска во целост ја признава вината, со што прстот на вина го посочи во екс директорот Нино Васев, пренесе Фокус.
Таа истакна дека е виновна и се извинува на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а факсимилот бил ставен на шалтер и го користеле сите.
Таа уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализантите, сепак додава дека тој факсимил е нејзин.
Нејзиниот адвокат побара да се раздвои постапката.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.