Обвинетите за несреќата кај Ласкарци бараат ослободителна пресуда

Адвокатот Љупчо Мицевски, бранител на обвинетиот Маноил Трифуновски, возачот на автобусот во кој се случи сообраќајната несреќа кај Ласкарци во своите завршни зборови денеска побара ослободителна пресуда. Во Основен кривичен суд Скопје, адвокатот Мицевски образложи зошто смета дека обвинетиот Маноил Трифуновски не го сторил делото.

– Сметам дека нема ниту еден доказ дека возачот Маноил знаел дека овој автобус имал неисправност во системот за кочење и управување и дека знаел дека на двата технички прегледи не била издадена потврда за техничка исправност на овој автобус – рече адвокатот.

Back to top button
Close