Обвинителите се согласиле, а судиите му дале времен пасош на газдата на „Пуцко петрол“, со важност од шест месеци

Шест дена откако го ослободиле од притвор и му го одзедоа пасошот, бизнисменот Асмир Јахоски побарал времена патна исправа за да оди во Истанбул, потврдува скопска Апелација за „Скопје1“.
Во четвртокот, судиите донеле одлука да му се прифати барањето, па тој добил патна исправа и заминал на Босфор. Судиите се воделе и од мислењата на двајцата обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корпупција, како и од Вишото обвинителството.
Двата обвинители биле сложни да му се издаде пасош на Јахоски. Апелација вика дека Јахоски доставил докази за причините поради кои барал времен пасош, ама не кажува кои се тие и на што се однесуваат.
„Дадена е согласност за издавање нова патна исправа на осомничениот Асмир Јахоски, но со ограничен рок на важење од 6-шест месеци сметано од денот на издавање“, велат од Апелација за „Скопје1“.
Газдата на „Пуцко петрол“ има обврска и натаму секој прв понеделник во месецот да биде во Македонија и да се јавува во Кривичниот суд во Скопје.