Обвинителката и се јавила на Ивановска, распитот можел да се одложи по изборите доколку го чувствува како притисок
Предметниот јавен обвинител, Адела Бојчевиќ, која постапува по приватната кривична пријава поднесена против Билјана Ивановска, поранешна претседателка на Антикорупциска и актуелен кандидат за градоначалник, ја контактирала Ивановска и и понудила исказот да го даде по изборите.
-Во меѓувреме, со оглед на нејзината јавна реакција, надлежниот јавен обвинител телефонски ја контактираше Ивановска и и даде можност доколку сака и доколку исказот во јавното обвинителство го чувствува како некаква форма на притисок, истиот да се одложи до завршување на изборите, информираат од Обвинителството.
Претходно од таму информираа дека приватната кривична пријава била поднесена во февруари, а поканата е испратена минатиот месец, бидејќи во меѓувреме се превземале други дејствија.
Вака скопското обвинителство објасни зошто поканата на Ивановска се поклопува со моментот кога ја обздани својата кандидатура, односно појаснуваат дека поканата е пратена многу порано, на 25 јули, но МВР ја доставиле синоќа.