(ВИДЕО) Обвинителот Ислам Абази „таргет“ на Мицкоски за домашниот притвор на Јахоски. Очекувал новинарите да му го стават името во насловот на текстовите.

Премиерот Христијан Мицкоски не го откри јавно со име и презиме обвинителот за кој вчера зборуваше дека бил шокиран како се однесувал, а бил прв човек на една обвинителство за акцијата што се отвори за злоупотреба на нафтени деривати.

Во неа осомничен е и сопственикот на „Пуцко петрол“, Асмир Јахоски, син на пратеникот од ДУИ, Исмаил Јахоски.

-Јас сум сигурен дека вие новинарите точно знаете за кое име станува збор и очекувам тоа да биде во насловите на вашите соопштенијa. На тој што му стоеја на ушка на една слика – рече Мицкоски алудирајќи на сликата на која Абази е во домашна опуштена атмосфера со братот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети.

Премиерот очигледно мисли на обвинителот Ислам Абази, кој е на чело на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, а при именувањето на функција се поврзуваше со тогашната владејачка партија, ДУИ.

Обвинителството отвори истрага против сопственикот на „РКМ“, Ратко Капушевски и Јахоски, но последниот заврши во куќен притвор.

Обвинителството денеска соопшти дека поднесе жалба на решението на судија на претходна постапка според кое Јахоски треба да оди во куќен притвор.

видео: прес24

Back to top button
Close