Oбвинителот кој е обвинет за заташкување на предмети се брани- Ова е политички прогон
„Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и притоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот. Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овој пат. Арно ама, ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“, напиша поранешниот охридски обвинител Воислав Димоски на Фејсбук
Димоски беше кандидат за уставен судија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, но, како и останатите кандидати предложени од опозициската партија не ја доби поддршката од собраниската Комисијата за прашања на избори и именувања
Поранешниот охридски обвинител Воислав Димоски го оцени како нарачан и политички мотивиран прогон кон него обвинението што му го поднесе Основното јавно обвинителство Струга со кое се товари дека чувал предмети во фиока и на тој начин овозможил кривични дела апсолутно да застарат за гонење.
Реакцијата што Димоски ја објави на својот фејсбук-профил доаѓа откако дел од медиумите објавија дека тој е поранешниот обвинител од Охрид кој се гони за кривично дело несовесно работење во службата.
Инаку, Димоски беше кандидат за уставен судија предложен од ВМРО-ДПМНЕ, но, како и останатите кандидати предложени од опозициската партија не ја доби поддршката од собраниската Комисијата за прашања на избори и именувања.
„Со оглед дека последните речиси две години, заканите кои ги добивав од различни центри се однесуваа на мојот физички интегритет, морам да признам дека ми е задоволство што Јовески решил со мене да се пресмета на ваков начин. Без оглед каква е состојбата во правосудството, судницата сепак е мој терен, а околноста дека некој во сопствената интелектуална и стручна немоќ зел да ја злоупотребува позицијата за пресметка со неистомисленици, најмалку зборува за мене. И покрај непријатностите и околноста што е надвор од етиката и од законот лиферувањето на вакви информации, ми претставува задоволство што самата дебата се преместува на терен на јавноста. Очекувајте целосно да ве информирам за текот на нарачаниот и политички мотивиран прогон кон мене и при тоа со задоволство да ги разобличам нарачателите на истиот. Дедо ми велеше дека чавките секојпат напаѓаат во јато. Така и овој пат. Арно ама ние сме родени за посериозни битки, а не за бркање чавки. Слобода или смрт!“,напиша Димоски на Фејсбук.
Јавното обвинителство денеска соопшти дека Основното јавно обвинителство Струга поднело обвинение против поранешен обвинител на охридското јавно обвинителство кој се товари дека додека бил активен во службата „чувал предмети во фиока“, односно не постапувал по нив и на тој начин овозможил пријавените кривични дела апсолутно да застарат за гонење.
Како што соопштија од Јавното обвинителство, поранешниот обвинител е обвинет за продолжено кривично дело несовесно работење во службата.
Во текот на кривичната постапка против јавниот обвинител било утврдено дека поради држењето на случаите во фиока застареле вкупно 14 предмети во ОЈО Охрид.